Кејти Холмс одлучи да го посети шоуто на Џими Фалон, но она што и се случи за време на емисијата, со сигурност не го планираше.
Иако е позната по беспрекорниот стил на облекување, актерката Кејти Холмс овој пат не можеше да претпостави каква непријатна ситуација ќе и се случи и тоа во емисијата на комичарот Џими Фалон.
Сепак, непријатната ситуација со откопчаниот патент воопшто не и пречеше таа добро да се забавува. Го прифати повикот од Фалон да му гостува во шоуто и да одигра некоја партија асоцијација со него, а како реагираше откако дозна за својот мал гаф, тоа си знае само таа.