Кој е „бестселерот на сите времиња“?

7 мај, 20120
ka

Познати афоризми за љубовта, врските и комплицираниот однос меѓу двата пола. Насловот е инспириран од еден од афоризмите, кој мене лично ми направи голем впечаток. Затоа и статијата го носи истоимениот наслов!

Жената никогаш не го заборава мажот што можела да го има, а мажот никогаш не ја заборава жената што не можел да ја има.

Повреди еден маж, за да станеш жената на неговиот живот!

Во женското срце, секогаш има место за уште еден!

Женските грешки се многу, мажите имаат само две – се што велат и се што прават!

Има жени кои тврдат дека сите мажи се исти. Но не е ли тоа премногу богато искуство?

Бестселерот на сите времиња – „Како да го откриеме мажот на своите мечти и што да правиме понатака со тоа ѓубре?“

Бил особено умен човекот кој кажал, дека среќен брак може да има само ако жената е слепа и мажот глув.

Мажот не може да спие со сите жени на светот, но барем се труди!

Ако веруваш дека патот кон срцето на мажот минува низ стомакот, значи нишаниш премногу високо!

Често се случува откако еден ден жената ти го даде клучот од своето срце, следниот ден да ја смени бравата!

Мажот секогаш сака да биде првата љубов на жената, а жената сака да биде последниот роман на мажот.

Жената или сака или мрази, трето нема!

Најсигурниот начин да ја натерате сопругата да ве слуша внимателно е да почнете да зборувате во сон!

Со текот на годините мажот придобива способност  да го задоволува сексуалниот апетит со обична храна!

Љубов и вечност не се римуваат!

Лесно е да умреш за човек што си го сакал, но е тешко да најдеш човек за кого вреди да се умре.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi