Можеби нема јахти, гламур и забави до раните утрински часови… Нема ни проверување на Фејсбук профили, следење на последните политички активности и гласна музика… Но, всушност има сé што Ви е потребно…
Добредојдовте во La Rogue – Gageac, малото село во југозападна Франција кое Ви гарантираме дека после следнава галерија, ќе имате мотивација да го посетите. Дали шармот се крие во преубавата река Dordogne, дали убавината е во природата, прекрасните градби или самата клима… ќе оставиме да биде Ваш предизвик…
Полека, откривајте ја големата тајна на Франција, каде што сé освен мирот, е во втор план…