Медицинската сестра која открила детали за бременоста на Кејт, пронајдена е мртва!

popara7 декември, 20121min00
kejt

Вработената во болницата во која е примена принцезата Кејт поради компликации во бременоста, а која австралиските радио водители ја измамиле преку телефон претставувајќи се како кралицата и принцот Чарлс, пронајдена е мртва недалеку од болницата.

Телото на Јашинте Салдане пронајдено е недалеку од болницата King Edward VII во која таа работела, а полицијата се сомнева дека извршила самоубиство. Во болницата во која била вработена до вчера, била хоспитализирана Кејт Мидлтон поради благи компликации во бременоста.

Иако сеуште нема официјална потврда за причината на смртта, познато е дека токму Jacinthe разговарала со австралискиот радио водител Мајкл Кристијан и Мел Грег кои се претставиле како британската кралица Елизабета и принцот Чарлс. На тој начин дошле до информации за принцезата Кејт и нејзината бременост, а британската јавност била во шок поради фактот дека некој наседнал на оваа аматерска шега. Сепак, најсериозен проблем е тоа што приватните медицински инфомации стигнале до јавноста.

Болницата по објавата на снимките од разговорот со Јашинте и радио водителите потврдила дека разговорот  кој го слушнале на радио бил реален, а откако веста е објавена во медиумите портпаролот на болницата зијавил дека ќе ги заостри безбедносните мерки. “Кратко зборувале со член на медицинскиот персонал. Многу ни е жал поради овој пропуст”, додал портпаролот на болницата.

Според Daily Mail, познато е дека медицинската сестра имала сопруг и две деца, а наскоро би требало да се дознае и официјалната причина за најзината смрт.

Снимката од разговорот на починатата Јашинте Салдане и австралиските радио водители:

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=k9P4ZKfXtpk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag