Дали ова е најава за апокалипса?

4 април, 20121
0053007.48

Тоа што некои го нарекуваат метеори, НЛО и вонземјански летала, другите го нарекуваат најава на апокалипса. Необичните појави на небото се дел од секојдневието, а последната во низата е забележана во Нов Зеланд.

Многуте предвидувања за крај на светот вклучуваат приказни за комети, метеори и слични небески тела кои треба да служат како предупредување на човечкиот вид. Некои сметаат дека таквите небесни појави само се знакови на предупредувања, додека другите сметаат дека еден од ваквите „залутани” метеори и ќе не уништи.

Но, каква и мрачна иднина да ни предвидуваат оние кои веруваат во апокалипса, засега ни останува да се обидеме да откриеме што е всушност небесниот објект кој неодамна беше забележан во Нов Зеланд, а кој го осветли небото и за себе остави трага долга неколку километри.

Иако вистинските сведочења укажуваа дека се работи за метеор кој согорел во атмосферата, некои сметаат дека се работи за огнен објект од вонземјанско потекло кој изгледал како летало, но не човечко.

Мнозинството на оние кои ја видоа оваа појава се сигурни дека не се работи за човечко летало и траг на авион, бидејќи објектот испуштал светлина. Сепак, не се согласуваат во тоа дали објектот е од природно потекло или тоа е некакво летало.

Снимката на појавата и краткиот прилог од новозеланските вести погледнете го во видеото:

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=BKI9TYeQ5dM


One comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *