Ископале машина стара 400 милиони години?

13 март, 20120
0075007.48

Навикнавме на бизарностите од Русија, но мора да признаеме дека ова наводно откритие не шокираше. На полуостровот Камчатка, наводно се откриени остатоци од машина стара преку 400 милиони години.

Универзитетот на Сант Петерсбург во посед има неверојатно откритие кое би можело во потполност да го промение нашето знаење за минатото. Археологот Јури Голубев тврди дека ова е можеби најважното откритите во досегашната човечка историја.

Ова не е прв пат во овој регион да бидат пронајдени древни артефакти, но дефинитивно е прв пат да се пронајдени метални делови кои се, се чини, составени од комплексен механизам.

Експертите сеуште се зачудени поради степенот на зачуваност на пронајдените предмети, но сеедно, не можат да веруваат дека пред 400 години би можело да постои таква технологија. Поради тоа има многумина кои тврдат дека никако не станува збор за човечка технологија, туку мора да станува збор вонземјанска.

Со оглед на тоа дека истражувањето на овој неверојатен пронајдок само што започнаа, Голубев тврди дека не треба да се отфрла ниту една теорија и нагласува дека еволуцијата не е линеарна и дека токму ова откритие би можело да ја отвори вратата на нови стојалишта.

Некои од теориите кои кружат на интернет тврдат дека ова откритие би можело да значи дека пред луѓето на Земјата постоела цивилизација поеднакво свесна и развиена како homo sapiens-ите, но која од сеуште непотврдени причини изумрела.

Другите теории се вртат околу разни претпоставки кои вклучуваат вонзјемани и нивната напредна технологија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi