Нацртал прецизна карта на рајот, откако го посетил четири пати

23 март, 20120
0056007.48

Сибусио Мтхембу има 64 години и тврди дека имал можност четири пати да го посети рајот. А како на луѓето подобро да им покаже што ги чека по смртта, одлучил да ја нацрта и карта.

Овој човек од Јужна Африка се фали дека прв пат го посетил рајот во 1998 година, кога по него дошол ангелот Габриел. Оваа посета не била неочекувана, вели, бидејќи Габриел по него дошол и во 1993, но тогаш само му рекол дека им треба во рајот.

Во своето второ патување Сибусио го запознал и Бога, за кој вели дека изгледа како да е во дваесетите години, исто како и сите на небото. За Бога рекол дека има сивкаста боја, додека Исус е бел.

Во своите небески патувања наводно забележал дека постојат 11 неба и ги посетил сите. Нашиот Господ се движи на планетата Јадалем, во која преовладуваат оган и мраз.

Според неговите зборови, Исус живее во петото небо во градот Шаромај, а нацртал и карта на рајот за да ја сподели со сите заинтересирани за рајот.

Себеси се смета за пророк на кого му е пружена единствена можност да го види задгробниот живот во полна свест и да запознае големи личност како Мојсеј, па дури и самиот Бог.

Се надева дека картата, која ја црта со години, наскоро ќе може и да ја печати, и да ја сподели со сите заинтересирани за да имаат на што да се радуваат и да се снајдат подобро откако ќе стигнат во рајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi