Во поле го нашол најголемото НЛО откритие до ден денес?

17 март, 20120
0066007.48

Франц Кнолингер (47) од Австрија во своето поле открил дупка длабока околу седум метри. На дупката наишол додека си ја барал мачката, а смета дека наишол на најважното НЛО открититие до ден денес.

„Ја барав својата мачка Мурлиман и наидов на необична дупка. Не можев да проценам колку е длабока па фрлив каменче и слушнав како удри во нешто метално”, прераскажуваше Кнолингер за австрискиот Times.

„За да проверам дали навистина се работи за метален предмет, земав магнет и го обесив за јаже и го спуштив во дупката. Магнетот се прилепи за предметот, а според звукот ми се чини дека станува збор за огромен и шуплив предмет”.

Го повика и локалниот водоинсталер кој се обидел да ја разгледа дупката со посебна камера, но камерата се изгасила кога дошла во непосредна близина на објектот. Засега сметаат дека причина за тоа е електромагнетското зрачење на објектот.

Местото во рок од само неколку дена го посетиле над 500 луѓе, а објектот ќе биде ископан дури кога ќе стигнат геолози и ќе го истражат подрачјето и објектот.

Засега експертите понудија неколку теории. Една од нив е дека археологот изјавил дека дупката е веројатно последица на дрвата кои ги стругал, но не нуди никакво објаснување за металниот објект.

Друга теорија е дека се работи за остаток од бомба, а најинтригантната, со која се сложува и Кноглингер е дека се работи за вонземјанско летало кое, или несреќно слетала таму или е во состојба на хибернација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *