Врколак во мртовечницата го шокирал персоналот и полицијата

29 март, 20120
0111007.48

Замбија е само една од африканските држави во која длабоко е вкоренето верувањето во црна магија. Но, дури и познавачите на бројните ритуали можат да останат изненадени.

Рутинскиот ден во мртовечницата во Мазабука се претворил во вистински хорор кога персоналот примил жртва на несреќа и го сместил телото во мртовечницата. Подготвувајќи го телото за препознавање, приметиле дека на влакната му растат со неверојатна брзина.

Кога тргнале да ги известат надлежните за оваа појава, во мртовечницата одекнал гласно рикање, сличен на оној на лавот, кое им ги „отсекло” нозете на вработените, а набрзо се изгасиле и светлата.

Во меѓувреме и полицијата дошла до необично откритие: Со покојниот е пронајдена само една торба, а во неа имало жива змија, леопардова кожа и прибор кој традиционално се поврзува со обичаите на црната магија.

За случајот е известена и сопругата која признава дека никогаш не ја отварала торбата на сопругот и се сомневала дека тој се занимавал со црна магија. Во помош е повикан и локален свештеник кој се обидел да ги прочисти ритуалните предмети.

Заедно со присутните полицајци и сопругата на починатиот, започнала да се моли над торбата, а според зборовите на сопругата, торбата тогаш се запалила заедно со работите во неа.

Во мртовечницата во истиот момент работите се смириле, а веднаш започнале да кружат приказни дека починатиот всушност е врколак. Сепак, сеуште се разгледува дали станува збор за урок кој е фрлен на несреќниот човек или пак за самоволна трансформација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi