Има доста лесни начини да си ја уништиш сама врската. Понекогаш и веќе изграденото семејство со деца и се останато. Затоа внимавај многу особено ако се препознаеш во некои од следниве опишани ситуации. Тогаш едноставно мора да поработиш врс себе, ако веќе не е премногу касно и работите не се надвор од контола.
Тотална контрола
Го следиш секој негов чекор и бараш целосен отчет за времето кога не е со тебе. Што се случува со тебе? Недоволна самодоверба или се обидуваш да ја копираш неговата мајка? На мажот не му треба ниту несигурна жена, ниту втора мајка, тој веќе има една. Мажите сакаат стабилна и самоуверена жена до себе. Во ваков случај, ти губиш!
Апсолутна слобода
Ова е другата крајност на целосната контрола. Мислиш дека само така ќе го задржиш до себе. Дури и да посака тројка во кревет – нема проблем! Или го заборавил твојот роденден – не е важно! Сигурно нема да ве остави, па не е луд. Но ти си ја изгубила самодовербата 100%!
Стануваш домашна прислужничка
Правиш се сама како комбајн, дежураш покрај шпоретот, машината за перење, правосмукалката, само затоа што мајка ти рекла дека мажите сакаат домаќинки. Истовремено околу него врие од разни интелектуалки, кои мирисаат на француски парфеми, а не на манџи и запршки.
Водиш војна со него
За се. Против неговото семејство, против пријателите, колегите…точно е дека го сакаш само за себе, но така ти го лишуваш од живот.
Не го цениш она што го имаш
Ги гледаш само неговите лоши страни и силно ги преувеличуваш. Нешто повеќе – дирекно му ги плескаш в лице, како ти да си совршена. Тогаш зошто си со него? Одговори прва, за да не си го постави тој прашањето: Зошто е со тебе?
Премногу често те боли глава
Човек би си помислил дека си неизлечиво болно. Ма дај, финтава е постара и од светот. Пред пофторно да се фатиш за главата, помисли колку примамливи искушенија има надвор и не го боли глава!