Еве што пишува во писмото на еден маж до својата жена. Мажот во моментот кога го пишува писмото е во странство.
„Драга моја!
Не можам да ти испратам пари овој месец, но затоа ти праќам 100 бакнежи!“
Те сакам,
Твојот сопруг, Ален
Еве што му одговорила сопругата после извесно време:
„Сакан мој!
Многу сум благодарна за 100-те бакнежи што ми го прати. Јас ти праќам сметки за трошоците:
Млекарот се согласи за 2 бакнежи за едно млеко,
Електричарот се согласи само после 7 бакнежи,
Сопственикот на станот доаѓа секој ден за по 2-3 бакнежи,
Во маркетот не примаа само бакнежи, па затоа требаше да им дадам и нешто друго…
Други трошоци – 40 бакнежи.
Те молам не се грижи за мене, имам останати уште 35 бакнежи и се надевам да ми стигнат до крајот на месецот.
Те молам одговори ми, како да ги планирам следните месеци?
Твојата сакана и верна сопруга!