Најпосакуваните жени на светот предизвикале многу воздишки како на пистата, така и зад сцената.
Victoria’s Secret ревијата на долна облека не е обична ревија, ја чекавме цела година! И додека фотографиите се појавија во јавноста пред неколку недели, самата ревија вчера се емитуваше на телевизиските екрани. Американската телевизија CBS ги уловила најдобрите моменти на пистата по која се движеле убавиците, но и зад сецената!
Фатен е и моментот кога на ангелите не можел да им одолее ниту Џастин Бибер кој тогаш привремено прекина со Селена Гомез. Впрочем, кој може да го обвинува 18-годишниот пејач?! Едни од најубавите жени на светот му шетале пред носот – па кој не би се завртел по нив?!
Лили Олдрич, Миранда Кер, Кендис Свенепул…се само некои од моделите на Victoria’s Secret кои поп ѕвездата се обидел да ги шармира.
http://www.youtube.com/watch?v=QgrQuVB9RaQ&feature=player_embedded