Еустатија – Островот од соништата, кој може да биде само Ваш…

17 мај, 20120
1 (4)

Доколку сакате одмор од соништата на Ваш, приватен остров, би требало да знаете дека овој егзотичен остров е достапен…

Неверојатната убавина која ја поседува овој остров, потполната приватност и хедонизам во огромни  размери, создаваат атмосфера на вистинска бајка.

Еустатија, припаѓа на Британските Девствени острови кои ги красат Карибите… Целиот остров е покриен во зелено, а најпривлечна убавина имаат кокосовите палми, кои ги има насекаде. Прекрасната плажа и тиркизното море даваат неверојатен егзотичен шмек…

Чести посетители кои ја надополнуваат совршената слика се и морските желки. Поради сјајната положба, островот нуди можност за повеќе водни атракции, скијање, нуркање и незаборавно сурфање. Околните прошетки можат да ја наклонат Вашата љубов кон авантурите и истражувањето. Преубавата шума и интересните водопади чекаат да бидат истражувани и овозможуваат прекрасни и незаборавни фотографии…

Куќата која може да биде и Ваш дом, нуди ексклузивна гурманска храна, потребна опрема за водени спортови, може да прими до 10 гости, удобно сместени во 5 егзотично опремени соби и распоредени во две вили. Куќата поседува и базен и џакузи, а овозможува и прекрасен поглед кон морето…

Сега сигурно размислувате како да го остварите Вашиот сон…

Галеријава дополнително ќе Ве предизвика…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi