Лазарополе

2 март, 20120
5ctg

Лазарополе настанало од раселените жители на две позначајни и познати селски населби. Првото е Главино село кое се наоѓало на северозапад од Лазарополе и за кое се претпоставува дека било главно село во Мијачијата.Остатоци на зидови и темели од куќи на ова село се сѐ уште видливи на неговата локација. Второто село е Лопушник кое се наоѓало на исток од денешно Лазарополе, а од него останало само неговото име на една месност во Јама.

Трагајќи по стари историски извори за потеклото и подалечното минато на Лазарополе, дознаваме дека тоа од своето постоење било населено со Македонци од православна вероисповед.Жителите на ова село припаѓале на познатото словенско племе Мијаци.Во структурата на животот на Мијаците имало племенски совет.Во секое село имало племенски главатар.По разни поводи го повикувале народот на Собор.

Во Малореканскиот предел се наоѓаат селата Галичник, Лазарополе, Тресонче, Гари, Осој, Росоки, Селце и Сушица познати како типично мијачки населби. Лазарополе е второ по големина село во Mалореканскиот предел и се наоѓа на 5 часа источно од Дебар на планината Бистра, прочуена по својата убавина. Населбата се наоѓа на 1350 метри надморска височина, изградена на карстно-варовничко поле по име Коритник. Околни планини се Јама и Лопушник на простор опкружен со бујни дабови и букови шуми, питоми планински пасишта.

Покрај прекрасната природа, ќе имате можност да ги видите:

„Св. великомаченик Георгиј“ – црква од 19 век, со придодаден трем од почетокот на 20 век.
„Св. Петка“ – мала црквичка, изградена од Јосиф Аврамов Куноски на 26 јули 1908 година
„Св. Архангел Михаил“ – параклис од крајот на 20 век.
„Св. Атанасиј Велики“ – параклис од крајот на 20 век.
„Св. Спас“ – параклис од крајот на 20 век.
„Св. Никола“ – параклис од крајот на 20 век.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi