Посетете ги пред да биде доцна! Места кои до 2100 ќе бидат под вода!

popara29 август, 20121min00
tg54

Додека ние се бориме со жештините и сушата, нивото на морињата на глобално ниво расте поради полавите и дождовите. Со тоа се загрозени голем број на острови и крајбрежни области ширум светот.  Некои места се толку загрозени што им се заканува исчезнување од Земјата.

Кирибати

Еден од пасифичкиот ахрипелаг Кирибати се состои од 33 острови и се наоѓа на работ на исчезнување поради подигнувањето на нивото на морето.

Бангладеш

Секоја година поради обилните дождови една четвртина од Бангладеш е целосно под вода, а понекогаш се случува и 60% од територијата  да се најде под вода. Главниот проблем е што најголемиот дел од територијата е 4,5 метри над нивото на морето.

Малдиви

Малдивите се најпознатото место на кое му се заканува исчезнување. Досега се направени стотици напори за опстанокот на ова место кое привлекува илјадници туристи.

Тувалу

Според извештаите ова е најизолираната земја во светот, а за многумина и рај на земјата. Но ситуацијата за опстанокот на ова место е загрозено, а веќе е издадено предупредување дека најдобро би било жителите да почнат да се иселуваат.

Мајами

Се предвидува дека нивото на водата на Флорида во наредните 20 години може да порасне за повеќе од 20 сантиметри, а дури до пет метри до 2100 година. Некои прогнози говорат дека голем број луѓе ќе бидат приморани да се иселауваат. Меѓу најзагрозените градови е Мајми.

Шангај

Овој град просперираше токму поради својата локација на вода, но сега ќе треба да се плати висока цена за тоа. Граските власти инвестирале неколку милијарди долари за обнова на инфраструктурата и заштитата од поплави.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag