Бомбици рафаело со обланда

10 март, 20120
bomboni

Потребни состојки:

1 пакување обланди

100 гр. шеќер

125 гр. путер

125 гр. чоколадо

50 мл. вода

2 јајца

2 лажици шеќер

150 гр. печени бадеми

За глазура:

100 гр. темна чоколада

50 гр. бадеми

50 гр. кокосово брашно

Припрема:

Во тенџере ставете го шеќерот, путерот, чоколадата и водата и оставете смесата целосно да се растопи со постојано мешање, па тргнете ја од оган.

Изматете ги белките, додадете 2 лажици шеќер, па жолчките, а потоа додадете ја смесата од тенџерето и повторно вратете ја целата смеса на оган. Гответе 5 минути со повремено мешање, па оставете ја да се излади, па потоа изматете ја со миксер.

Од обландата направете полукругови. Еден полукруг намалчајте со фил, ставете еден бадем во средина па покријте со друг полукруг. Повторно оставете да се излади.

Истопете ја темната чоколада, па секоја бомбица премачкајте ја со помош на стапче во растопената чоколада, па потоа во ситно сецкани бадеми. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *