Буритос

16 април, 20120
Chilli-beef-burritos2

Потребни состојки:

  •  500г – јунешко месо.
  • 1 – лажичка маслиново масло
  • 1 кромид, ситно сецкан
  • 1- стапче цимет
  • 4 – каранфилчиња
  • 1 – лист лорбер
  • 2 – шољи јунешка супа
  • 8 – тортиљи
  • Салса од домати за служење

Начин на подготовка:

Се чисти месото од маснотијата и се сече на коцки, со величина од околу 2 см. Се загрева маслото на тава од средна големина и се динста додека месото не биде златно-браон боја. Се додава стапче од цимет, каранфилче, лорберов лист и јунечка супа. Се загрева до вриење, потоа температурата се смалува и се динста поклопено уште 30 минути, или се чека да омекне месото и не испари течноста. Да се извади циметот, каранфилчето и ловоровиот лист. Месото се ситни со 2 вилушки. Се служи по желба, ладно или топло, завиткано во тортиља како палачинка, со салса сос од домат и салата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *