Гурмански палачинки, со свежи јагоди, млеко и јогурт

26 април, 2012
palacinki

Потребни состојки:

  • 4 – шољи брашно
  • ¼ шољичка млеко во прав
  • 2 лажици сода бикарбона
  • 4 лажици прашак за пециво
  • 1 лажичка сол
  • 1 ½ шољичка замрзнати или свежи јагоди
  • 1 лажичка екстракт од лимон
  • 3 големи јајца, изматени
  • ¼ шоља стопен путер или зејтин
  • 3 шољички ладна вода за да се добие густина на смесата

Начин на подготовка:

Помешајте ги сувите состојки во голем сад.

Додадете ги јајцата, путер и водата и мешајте додека не се спои. Тестото веројатно ќе биде суво па можете да додадете уште вода.

Печете ги палачинките на врела тава, само еднаш свртете ги. Се послужуваат врели!

Пријатен апетит!!!