Кокос торта

22 април, 20120
кокос

За сите љубители на кокосот и на слатките, овој пат ви подготвивме рецепт за Кокос Торта.

На наша радост,голем е бројот на домакинки кои го сакаат кокосот скоро во секој колач, бидејќи дава префинет вкус. Испробајте го новиот рецепт за торта со кокос.

Потребни состојки:

  • 10 Јајца
  • 300гр шеќер
  • 1 – лажица оцет
  • 5-лажици брашно
  • 200гр- шеќер во прав
  • 1,5дл.млеко.
  • 1 – лажица густин
  • 1 – маргарин
  • 2 – кесички шлаг

Начин на подготовка:

Изматете цврст шлаг од 10 белки, потоа додадете  го шеќерот лажица  по лажица, па на крајот оцетот. Внимателно измешајте две лажици брашно и 200гр. кокос ставете ја смесата на добро подмачкан калап,  па печете во рерна, на 150степени, 30 мин.

За фил:

Изматете 10 жолчки и шеќер во прав. Додадете 1,5дл. Млеко, лажица густин и 3 лажици брашно, потоа сето ова варете го на пареа , се додека не добиете густ крем. Оладете и додајте го пенасто изматениот маргарин. Филувајте ги корите.

Украсете по желба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *