Маџарски ролат со зеленчук и јајца

15 април, 20120
1

Велигденските празници секојпат оставаат зад себе купче, искршени, сварени јајца, со кои не знаеме што понатаму. Ние најдовме прекрасно решение  доколку сакате да ги изненадите вашите најблиски со вкусно предјадење. После кршењето на јајцата, направете вкусен Маџарски рецепт.

Потребни состојки:

  • 200гр – смрзнат грашак
  • 200гр-морков
  • 200гр-компир
  • 200гр-јаболки
  • 1-лимон
  • 6-лажици мајонез
  • 7-лажици кисела павлака
  • 250мл-супа од зеленчук
  • 20гр-желатин
  • 5-јајца
  • 1 црвена пиперка
  • 1-китка магдонос
  • Бибер и сол

 

Начин на подготовка:

Јацата варете ги 10 мин. Ставете ги во ладна вода и оставете да се оладат, потоа излупете ги. Коцкичките од морков, грачок, компир варете ги одвоено во солена вода додека не омекнат па извадете ги и оставете сосема да се оладат. Јаболката излупете ги исечете ги на коцки и додадете сок од лимун.

2, Зеленчукот и јаболките ставете ги во голем сад. Мајонезот помешајте го со киселата павлака, сол и бибер , и прелијте го врз зеленчукот и добро  измешајте ги.

3. Зеленчуковата супа да се измеша со желатинот и да се олади на ниска температура и потоа да се помеша со смесата во сад. Да се остави да се олади, па да се развлече на фолија во правоаголна форма. Во средината да се наредат сварените јајца и да се замота. Да се остави во фрижидер да се стегне.

4. Да се сервира на овал и да се украси со црвена пиперка и лист од магдонос.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi