Мафини со вкус на пица

9 март, 20120
mafini pica

Потребни состојки:

3 јајца

50 мл. масло

300-400 гр. брашно

Сол по желба

Оригано по желба

1 шоља јогурт или кисело млеко

1 дл млеко

½ прашок за пециво

100 гр. рендана шунка

100 гр кашкавал или сирење

Малку сода бикарбона

3 лажици доматно пире

50 гр. сецкани печурки.

Припрема:

Јајцата изматете ги со миксер, па додадете го маслото, солта, ориганото и прашокот за пециво и побторно изматете со миксер. Малку по малку додавајте го брашното, сода бикарбоната и продолжете да матите се додека смесата не се згусне.

Додадете го јогуртот, доматното пире и матете се додека не добиете смеса со средна густина. На крај додадете ја ренданата шунка, печурките и ренданиот кашкавал и повторно промешајте.

Од смесата ставете во калапите за мафини обложени со хартија о печете околу 25 минути на температура од 180 степени. Откако ќе се испечат оставете ги да се изладат 5 минути, па отстранете им ја хартијата и сервирајте со доматен сос. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi