Манго торта со сирење

31 јули, 20120
torta

Потребни состојки:

  • 400гр бисквити со путер
  • 200гр растопен путер
  • 3 лажици сецкани ораси
  • За фил:
  • 10 листови желатин
  • 500гр посно крем сирење
  • кесичка ванилин шеќер
  • 3 лажици сок од лимон
  • 60гр шеќер во прав
  • 400мл слатка павлака
  • 2 зрело манго
  • овошје за декорација по избор

Начин на поготовка:

Убаво измешајте го бисквитот на машина или во кеса со помош на сукало. Измешајте ги бисквитите со путер и ораси. Обложете го плехот за торта со хартија за печење и покријте го дното со смеса од бисквити. Оставете во фрижидер околу 60 минути.

Потопете го зелатинот. Испасирајте еден манго во блендер. Помешајте го сирењето со ванилин шеќер, сок од лимон и шеќер во прав. Исцедете го желатинот и растворете го во тава. Помешајте го желатинот и 2 лажици крем сирење, па потоа измешјате го и остатокот од крем сирењето. Штом смесата почне да се згуснува, додадете манго и измешајте изматена слатка павлака. Сипете ја смесата преку кората и оладете ја во фрижидер околу 3 часа.

Испасирајте го и другото манго и помешајте со веќе подготвениот желатин. Прелијте ја тортата и оставете желето добро да се стегне. Украсете со овошје по желба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *