Пита од лимон

22 февруари, 20120
Slice of Pie

За тесто:

125 гр. брашно

125 гр. путер

1 жолчка

2 лажици вода

Кора од ½ лимон

100 гр. бадеми

За крем:

3 јајца

150 гр. шеќер во прав

80 мл. сок од лимон

50 гр. путер

Кора од 1 лимон

Припрема:

Ставете ги сите состојки за тестото (освен бадемите) во посебен сад и замесете тесто кое ќе го завиткате во пластична фолија и ќе го оставите да отстои во фрижидер половина час.

Потоа ставете го тестото во калап за пита и печете на температура од 180 степени се додека тестото не порумени. Откако ќе се испече, врз тестото рамномерно распоредете ги мелените бадеми.

На пареа згответе ги јајцата, шеќерот во прав и сокот од лимон со постојано мешање. Кога смесата ќе се згусне, тргнете ја од оган и изматете ја со путерот и кората од лимон. Потоа прекријте го садот со фолија и ставете го во фрижидер да се излади. Изладениот крем рамномерно распоредете го на питата.

Изматете ја слатката павлака за шлаг, па додајте и неколку капки лимонов сок. Премачкајте ја питата со шлаг и декорирајте по желба. Добар апетит!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *