Салата од макарони и печурки

25 февруари, 2012
IMG_0640

Лесна, едноставна, брза и вкусна салата.

Потребни состојки:

500 gr. спирални макарони

500 gr. маринирани шампињони

2 павлаки

250 грама мајонез

2 јајца

2 компира

зелени зачини по избор

Подготовка:

Макароните се варат и се цедат. Јајцата и компирите се варат и се сецкаат на ситно. Маринираните шампињони се цедат од вода и се сецкаат на ситно. Во голема длабока чинија се соединуваат макароните, печурките,  јајцата, компирите, павлаката и мајонезот. убаво измешајте, по потреба посолете и ставете мешавината од зелените зачини.