Слатко – кисело пилешко со зеленчук

27 април, 20120
рецепт

Потребни состојки:

  • Околу 500гр пилешко
  • 2 чешниња лук
  • Сол и бибер
  • Мелена чили пиперка
  • Половина  црвен кромид
  • 1 црвена пиперка
  • 2 помали моркови
  • 2 помал праз (само долниот бел дел)
  • 100гр шитаке печурки
  • 60гр кафеав шеќер
  • 120мл соја сос
  • 2лаж. сок од лимон
  • 3чешниња лук
  • 3см.нарендан свеж ѓумбир
  • 120мл вода
  • 7 лаж. скробно брашно

Начин на подготовка:

  1. Припремете  го пилешкото, истријте го со лук, посолете, побиберете и посипете чили пиперка , исечена на парчиња од околу 3 на 3 см.
  2. Подгответе го зеленчукот: кромидот поделете го на 4 дела, па раздвојте го на ливчиња, празот исечете го на кругчиња, во дебелина од околу 1см, црвената пиперка исечете ја на парчиња, исто и морковот  на стапчиња, а на печурките  извадете им ги дршките и исечете ги на листови.
  3. Пилечкото испржете го на малку зејтин, па извадете го од страна од тавата, во истата тава додадете го зеленчукот по следниот редослед : празот и кромидот, па по 2 мин морковот, потоа пиперката и на крајот печурките.
  4. Кога зеленчукот ќе омекне, извадете го накратко од тавата, а во него додадете ги сите состојки за сос освен водата и скробното брашно. Кога смесата ќе изврие, додадете ги и скробното брашно, разматено во вода, па во тавата вратете ги пилешкото и зеленчукот.
  5. Варете го сето ова 2 минути на умерен оган, се додека сосот не се згусне. Се служи со ориз…

Пријатен апетит..

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *