Тирамису коцки

24 април, 20120
tumblr_kxoiy9VbzK1qb3ybno1_400

Коцките Тирамису, можете да ги обликувате по желба и никогаш да не ја изгубат својата препознатливост – вкусот.

Потребни состојки:

  • 1 Тирамису
  • 600мл. – млеко
  • 300мл. – кафе
  • 2 лажици Рум
  • 100гр чоколадо за готвење
  • 1 кутија пишкоти (200гр)

За фил:

  • Какао  во прав

 

Начин на подготовка:

  1. Во висок сад ставете сварено ладно млеко, додадете ја содржината од вреќичката Тирамису крем и промешајте. Содржината мешајте ја со електричен миксер(средна брзина)4 до 5 минути.
  2. Во тепсија(30 на 20 см) ставете ја половината од  количината пишкоти, искршени на мали парчиња.
  3. Натопете ги со мешавината на кафе и рум, а потоа распоредете пола количина од подготвената титамису крема. Кремата прекријте ја со преостанатите искршени парчиња пишкоти, кои истотака ќе ги натопите со мешавината од кафе и рум, а потоа прелијте грубо насечкано чоколадо.
  4. Пред послужувањето колачот посипете го со какао во прав.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *