Х

6 април, 2012

ХАЗАРДНИ ИГРИ
ако добивате на хазардни игри – ќе изгубите некој пријател; ако губите – ќе се ослободите од нешто непријатно.

ХАРЕМ

ќе направите некоја глупост која ќе ви донесе големи непријатности.

ХАРМОНИКА
ако на сон свирите на хармоника – ќе приредите некоја свеченост; ако ја видите – ќе се вплеткате во нечесна работа; ако ја слушате – претерано се сомневате.

ХАРТИЈА
ако пишувате на хартија – некому ќе морате да му испратите непријатни вести; искината хартија – ќе доживеете неправда; хартија што лета во воздух – некои надежи нема да ви се исполнат; шарена хартија – весела вест; црна хартија – жална вест; испишана хартија – непријатности.

ХАРФА
тага; ако вие свирите на харфа – патување.

ХЕМИЧАР

ќе ве мачи некоја неизвесност / ќе откриете некоја тајна.

ХИПНОЗА
ако ве хипнотизираат – не лутете се, секоја школа се плаќа; ако вие некого хипнотизирате – не мешајте се во опасни работи; ако гледате хипнотизирање – ќе стекнете углед во својата околина.

ХИПОДРОМ
пропадната работа; ако настапувате на хиподром – пазете се од помлади лица, ќе ви го заведуваат партнерот.

ХМЕЉ
ќе имате лоши искуства.

ХОР
ако на сон слушате neeue на хор
– убави и пријатни денови во друштво на пријатели.

ХОТЕЛ
болест.

ХРАБРОСТ
ако на сон покажувате храброст – некој ќе ве понижи.

ХРАМ
срушен храм – промена на работа.

ХРАНА
пазете се од себеси.

ХРАНЕЊЕ

ако на сон храните животни – очекувај добивка, благосостојба и задоволство; ако храните деца – среќа во бракот.

ХРЧАК
види – МРЗЛИВЕЦ