Ќ

6 април, 2012

ЌЕБЕ
за доброто дело нема да добиете признание / болест.

ЌЕЛА
прерано ќе остарите ако продолжите со неумерениот начин на живеење.

ЌЕЛАВ ЧОВЕК
внимавајте на своето однесување ако не сакате луѓето да ви се смеат.

ЌЕЛИЈА
осаменост.

ЌИБРИТ
добивка; ако палите шкорчиња – пријатно изненадување.

ЌУП
полн ќуп – ќе посакате некого; празен ќуп – ве очекува непријатно изненадување.

ЌУСКИЈА (ЖЕЛЕЗЕН ЛОС)
успешно ги поминувате пречките.