У

6 април, 2012

УБИВАЊЕ
ако убивате некого на сон – голема опасност, пазете се од себе; ако вие сте убиени – штета, болест; ако видите убиен човек – проблеми.

УБИЕЦ
ако видите убиец – долг живот.

УБИСТВО
ако чуете за некое убиство или присуствувате на убиство – несреќа, страв.

УВО
ќе ви измамат некоја тајна; ако ве боли уво – неповолни новости.

УДАР
ако удирате нешто или некого – ве очекуваат големи напори; ако ве удрат – срам.

УЖАС

ако доживеете ужас – пожар, кражба или некоја друга незгода дома.

УЖИВАЊЕ
ако уживате на сон – успех на сите подрачја.

УКОР
ако некого укорите – не можат сите да се однесуваат како што сакате вие; ако ве укорат – непријатности.

УКРАС
среќен брак.

УКРАСУВАЊЕ
вашите желби веројатно ќе бидат остварени.

УЛИЦА
ако се шетате по улица – ќе склопите ново познанство.

УМИРАЊЕ
ако се сонувате мртви – ќе доживеете длабока старост; ако гледате како некој умира – заминување на драго лице; ако умирате – патување, промена на околината; ако умрете, па оживеете – гржи.

УНИВЕРЗИТЕТ
ќе биде подобро ако се усовршите во работата.

УНИФОРМА

углед и чест; ако носите униформа – се прикажувате подобри отколку што сте; искината униформа – неуспех.

УРИНА
веселба; ако пиете урина – добро здравје; ако вршите нужда – загуба; матна урина – болест.

УРМА
љубов; ако јадете урми – ќе бидете сакани; ако подарувате урми – наскоро со некого ќе бидете во љубов; ако најдете урми – радувајте се на средбата која следи со една стара љубов; ако берете урми – обесчестување; горки урми – венчавање.

УРНАТИНИ
голема тага, страв од финансиска загуба.

УСНА ХРАМОНИКА

ќе уживате во ситни задоволства.

УСНИ
свежи, румени усни – среќа во љубовта; бледи, бескрвни усни – разочарување во љубовта; усни кои мамат бакнеж – ќе ви се исполнат тајните желби.

УСТА
преголема уста – незадоволство; полна уста – задоволство; ако ве боли устата – голема непријатност.

УТЕХА
ако се утешите на сон – имате големи пријатели; ако не можете да се утешите – ќе добиете помош во неволја.

УТРО
се наоѓате на почетокот на некој потфат кој ќе ви успее ако бидете разумни и внимателни; убаво утро – надежите ќе ви се исполнат; дождливо утро – кавги и жалост.

УЦЕНА
ако уценувате некого – незадоволство во работата.

УЧЕНИК
веселба со децата; ако сте возрасни, а се сонувате како ученик – неуспех во работата поради вашата неумешност.

УЧЕЊЕ
неочекувани, добри вести; ако ве учат да играте – ќе бидете пофалени.

УЧИЛИШТЕ
среќа; ако одите на училиште – непредвидено задоволство; училиште полно со деца – грижи.

УЧИЛИШНА ЗАДАЧА

во работата ќе наидете на непредвидени тешкотии.

УЧИЛИШНО ЅВОНО
проверете дали се сте направиле за да ви успее потфатот.

УЧИЛИШНА КЛУПА
ако седите на училишна клупа – некоја задача не сте ја ивршиле како што треба.

УЧИЛИШНА ТАБЛА
ќе влезете во долгови.

УЧИТЕЛ
лекомисленоста ќе ве упропасти; ако разговарате со него – ситуацијата ќе ви се среди.

УЧИТЕЛКА

некој ќе ви помогне во неволја.