Бугарија воведува шах во училиштата како задолжителен предмет

31 октомври, 20120
sah

Во малата бугарска општина Сливница во близина на границата со Србија е воведен шах како задолжителен наставен предмет, што е прв случај од ваков вид во ЕУ, објавиле бугарските медиуми.

Околу 240 ученици од  Сливница од сега, со математика, бугарски јазик, географија и останатите предмети, ќе мораат редовно да ги учат вештините на шахот.

Наставата по шах организирана организирана е во соработка со бугарската Шаховска федерација, а претседателот на оваа федерација Силвио Данаилов изјавил дека конечна цел му е воведувањето на шах како предмет во училиштата не само во Бугарија, туку во цела Европа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *