Четириесет годишен битолчанец силувал 19-годишна девојка
9 октомври, 20120
Четириесет годишен битолчанец е уапсен од страна на полицијата, под сомнение дека силувал 19 годишна девојка од Битола, информира денеска Министерството за внатрешни работи.
Битолската полиција го приведе четириесет годишниот К.И. кого го сомничи за силување. Според изјавите на полицијата, тој пред еден месец силувал 19 годишна девојка во куќата каде живеела.
Битолчанецот заработи кривична пријава.