24 февруари, 2020

Радио

Министерството за внатрешни работи по повод вечерашниот фудбалски натпревар меѓу националните селекции на Македонија и Хрватска, ќе преземе посебни безбедносни мерки со цел непречено организирање и одигрување на истиот.

Меѓу другото, во рамки на сообраќајниот режим, од 12 часот ќе биде затворен сообраќајот од крстосниците на улиците “Ленинова“ и “Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ кон фудбалскиот стадион, и ќе бидат пропуштани само возила со посебни пропусници.

Исто така, во тој период ќе биде расчистен сообраќајниот и паркинг просторот во непосредна близина на стадионот. Во периодот, пак, од 17 часот ќе бидат сообраќајно регулирани и приодите од булеварот Илинден кон националната арена, односно ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници и други итни потреби.

МВР апелира до граѓаните, особено оние коишто со возила ќе се упатуваат кон националната арена, во посочениот период од 17 часот да ги почитуваат сообраќајните правила и да ги паркираат своите возила на дозволени паркинг простори.

 

 

Остави коментар

Почетна // вести // македонија // Посебни безбедносни мерки за фудбалскиот натпревар Македонија-Хрватска
Горе