Прободено 15-годишно момче кај Бит Пазар

8 октомври, 20120
нож

15- годишно момче било нападнато и прободено, најверојатно со нож во грбот на автобуската станица, на булевар „Крсте Петков Мисирков“, кај Бит Пазар, соопшти СВР Скопје.

Инцидентот се случил околу 7.30 часот утрово, кога пет, шест непознати лица кои се симнале на станицата од автобус број 50 го нападнале 15-годишниот С.К. и го прободеле со остар предмет, најверојатно нож во пределот на грбот.

Детето е однесено во болница, додека напаѓачите избегале. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Во петокот три лица, меѓу кои еден малолетник беа повредени во тепачка што се случила меѓу две групи во автобусот 22 на Јавното сообраќајно претпријатие, пред мостот „Обединети нации“ во Карпош. За овој инцидент полицијата приведе осум малолетници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi