Тоше Проески постхумно добитник и на специјално признание за придонесот во спортот

25 јануари, 20120
uu89

Тоше постхумно е добитник на специјално признание за придонес во спортот во изборот организиран од Сојузот на спортските федерации на Македонија и од Агенцијата за млади и спорт.

Ова признание му беше доделено поради исклучителниот придонес во спортот воопшто, а особено во одбојката.

Токму тој,  ја возобнови одбојката во својот град Крушево, со заживувањето на клубот Синалко, чиј активен член беше. Во име на семејството Проески, признанието го прими претставник на клубот.

Проески постојано ја бодреше македонската репрезентација на секој спортски настан. Химната која Тоше ја испеа и која победи во изборот за официјална спортска химна за македонската репрезентација „Македонија навива за вас“, промотивно беше пуштена на фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Андора. Публиката на стадионот со слики од нашиот пејач во рацете го извикуваше неговото име , насекаде имаше постери со неговиот лик и сите голови на натпреварот му беа посветени токму нему.

Фудбалерите кои излегоа на теренот со маички со ликот на Проески, изјавија дека на овој натпревар не се славела победата, туку се славело за ликот и делото на Тоше.

Од сите страни на стадионот се слушаше неговото име, името на момчето кое не сакаше сите и кое сите продолжуваме да го сакаме!

Тоше, те сакаме!

httpv://www.youtube.com/watch?v=EksYOUWAoJs

httpv://www.youtube.com/watch?v=HHlrc2zmqZU

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi