Станал државјанин на САД на 102 годишна возраст
Јоакин Арчаго Гузман стана државјанин на САД на 102 годишна возраст.
Гузман, кој потекнува од Филипините, дошол во Калифорнија како тинејџер во 1928 година за да работи како берач на марули и зелки. По 10 години се вратил на Филипини и се оженил со Паз Ирена Гачалијан, а се вратил во САД во 1940 година. Во 1984 година успеал да ги повлече сопругата и децата во САД. Гузман има 6 деца, кои ги издржувал работејќи како фармер. Сите негови деца, како и неговата жена добиле
американско државјанство, но Гузман дури неодамна ја поднел својата апликација.
„Во последните 50 години само 27 лица постари од 100 години станале државјани на САД“, покажуваат податоците на Центарот на Имиграција на
САД.
„Многу сум среќен бидејќи добив државјанство“, изјавил Гузман кој ја кажал заклетвата за државјанство заедно со уште 7300 лица.