Намамиле манекенка на состанoк: Ја дрогирале, претепале, силувале и на крајот ја убиле!

31 октомври, 20120
sintija

Манекенката Синтија Осокогу (24) се сретнала со пријател кого го запознала на Фејзбук. Тој ја однел во хотел надвор од градот, ја издрогирал, претепал, силувал и на крајот ја убил.

Синтија Осокогу (24) се занимавала со манекенство и била успешна деловна жена од Нигерија. Таа во јули, била пронајдена мртва во хотел во Лагос, а за неколку дена ќе започне судскиот процес за нејзиното убиство, вклучувајќи го и човекот што запознала на интернет.

Човекот ја стекнал нејзината доверба и ја повикал во Лагос на деловен состанок, ветувајќи и дека ќе и помогне во кариерата. Синтија мислела дека Ешезон Набуфор е студент на факултет во Лагос и поверувала дека има добри врски кои ќе и помогнат и се упатила во Лагос на ‘состанок’.

Веднаш по пристигнувањето, Ешезон ја однел девојката во хотел надвор од градот, каде тој и неговиот роднина ја дрогирале, претепале, силувале и на крајот ја убиле.

Полицијата верува дека дуото ја избрале девојката поради тоа што е ќерка на пензиониран генерал од Нигерија и сметале дека на пат ќе тргне со голема сума на пари.

Кога убијците биле откриени, се јавиле други жени кои биле нивни жртви. Но, овие среќа преживеале. Нигерската полицијата се сомнева дека е убиена затоа што пружала премногу отпор, или киднаперите најверојатно биле разбеснати, бидејќи ја платиле авионска карта и хотелот и дека нема да добијат воопшто пари од неа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *