Magic Finger (магичен прстен) рототип уред развиен од страна на Autodesk Research на Универзитетот во Алберта, во соработка со Универзитетот во Торонто.
Прстенот кој го претставиле користи различни површини осетливи на допир за контрола на паметни телефони и компјутери.
Уредот има два оптички сензори со ниска резолуција и многу брз сензор за следење на движењето. Има вградена камера со висока резолуција, која може да детектира 22 различни површински текстури со дури 98,9% точност.
Технолошкиот блог Gizmag пишува дека поради фактот дека Magic Finger може да препознае сè што ќе допре, површините можат да бидат програмирани како интерфејс за далечински контрола на уредот.
На пример, можете со прст да ја протриете маицата за да го намалите тонот на ѕвонењето на телефонот или пак можете да ја допрете масата за да отворите некоја апликација.
Погледнете го видеото за да дознаете нешто повеќе за овој иновативен додаток за прст.