На спектакуларното шоу на модниот бренд Victoria’s Secret кој, како и секоја, се одржа и оваа година во ноември, настапуваа познатите музички имиња – Ријана, Џастин Бибер и Бруно Марс.
Од нив тројца, на шарената и дефинитвно според женски вкус украсената писта, посебно до израз минатата ноќ дојде Ријана која со својот изглед и глас на момент ги засени боженствените убавици чија цел беше само една – да го претстават брендот за кој работат во најдобро светло.
24-годишната пејачка настапи во неколку комбинации и изгледа дека одлично се снаоѓа на писта.
Во елегантен црн фустан кој ја нагласува нејзината витка линија и богато деколте изгледаше како кралица на пистата, додека во транспарентната розова ноќница изгледала како една од моделите.
Џастин Бибер и Бруно Марс, исто така имаа чест да настапат на ова шоу и пистата да ја делат со убавиците од А – листата на брендот Victoria’s Secret –Миранда Кер, Алесандра Амброзио и Адријана Лима.