Првите резултати од обдукцијата: Витни Хјустон починала од алкохол, Валиум и Касанакс!

29 февруари, 20120
whitney_houston_466547S1

Витни Хјустон починала од смртоносна комбинација на Валиум, Касанакс и алкохол, покажал прелиминарниот извештај на токсиколошките наоди објавени од страна на Fox News .

Иако конечниот извештај допрва треба да се утврди, за точната причина за смртта, се наведува дека коктелот од лекови и алкохол предизвикал прекин на работата на срцето.

Да се потсетиме, пејачката на 11 февруари е пронајдена мртва во бањата во хотелската соба во еден хотел на Беверли Хилс. Во моментот кога е пронајдено нејзиното тело, нејзиното лице било под вода.

И покрај итната медицинска интервенција и обидите за оживување, пејачката не успеа да се спаси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *