Се степале за Цеца!

29 февруари, 20120
ceca

Светлана Ражњатовиќ прв пат по одум месеци, запеала во саботата вечерта. И настанал општ хаос. Кога го земала микрофонот, атмосферата на прославата за полнолетство на една девојка во ресторан во Белград, била доведена до лудило. Неколкумина пијани гости изнанадно започнале жестока расправија која довела до тепачка.

-Во таа гужва не се знаело кој кого удира. Жените и децата почнале да врескаат, а Цеца веднаш била заштитена од своето обезбедување, во случај некој да не ја повреди. Борбата траела неколку минути, додека домакините не успеале да ги смират тепачите и да ги изнесат надвот. Што целата фама се смирила, Цеца продолжила да пее како ништо да не се случило, открива еден од гостите.

Дека во ресторанот избувнала фрка, потврдила и пејачката Снежана Јовановиќ Сикиќ, која оваа ноќ ито така пеела на споменатата прослава.

-Цеца беше во салата во моментот кога започна тепачката, тогаш беше нејзиниот настап. Не видов ништо, но слушнавме дека внатре нешто се случува. Во тој момент се одмаравме во салата покрај онаа во која настана хаосот. Траеше неколку минути и за тоа време немаше музика, изјавила пејачката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *