Статуите за Оскар на аукција!

29 февруари, 20120
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Американската аукциска куќа  “Нејт Сендерс”, и покрај противењето на Американската филмска академија, започна со продажбата на колекции од статуи за Оскар, кои вредат преку еден милион долари, два дена по свечената церемонија на доделувањето на овие признанија.

Колекција од 15 златни статуи ја вклучува и статуата  која Херман Манкевич ја добил за најдобро сценарио за филмот “Граѓанинот Кејн” од 1941 година и наградата на Чарлс Кобурн  за најдобра епизодна улога во филмот ”The More the Merrier” од 1943 година.

-Ова е најважната колекција на Оскарите која некогаш е објавена на аукција. Во неа се наоѓаат Оскари за епски филмови  како ”Граѓанинот Кејн” и “Најдобри години од нашите животи”, вели Нејт Сендерс, сопственик на аукциската куќа во Лос Анџелес.

Американската филмска академија, која ги организира Оскарите ја осуди оваа аукција.

-Академијата, нејзините членови и многу филмски уметници кои некогаш освоиле Оскар длабоко се уверени дека овие награди се освојуваат, а не продаваат. За жал, ние немаме никаков начин да ја спречиме продажбата на статуите, се наведува во соопштението на Академијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi