Храна за вечна младост

13 јануари, 20120
mladost

Во денешно време сите се обидуваат да ги „запрат“ годините и што подолго да изгледаат убаво и младо. Но тоа не мора да значи дека за да изгледате младо мора да заминете на операција или да се подложите на низа тешки хемиски третмани. Стареењето може да се успори и со правилна исхрана, тврди доктор Николас Периконе, познат дерматолог кој ви нуди многу совети околу исхраната во својата книга „Вечно млади“, а ние ви ги пренесуваме најинтересните:

Лосос: Лососот и другите видови риби изобилуваат со омега 3 масни киселини и антиоксиданси кои и помагаат на кожата подолго да остане млада. Лососот е извонреден извор на протеини кои му се потребни на телото за да ги обнови клетките.

Црно чоколадо: Какаото содржи витамин Б2, кој ги штити мозочните клетки од  воспаление и спречува производството на хемикалии кои може да создадат воспаление на кожата. Темно чоколадо нуди многу здравствени придобивки, а неговата улога во одржување на еластичноста на кожата е докажана.

Цимет: Цимет е анти-воспалителен зачин кој го регулира шеќерот во крвта и помага да се спречи појавата на брчки. Циметот исто така добро влијае на мозокот и ја чува меморијата, а некои студии покажале дека циметот помага во спречување на појавата на меланом.

Кокосово масло: Многу експерти препорачуваат конзумирање на кокосово масло  кое содржи заситени масти, кои помагаат да се зајакне клеточниот ѕид. Покрај тоа, кокосово масло го подобрува метаболизмот, но со него мора да се внимава бидејќи претераната конзумација на кокосово масло има негативни ефекти врз организмот.

Боровница: Ова овошје е богато со антиоксиданси со висока содржина на антоцијанин, од кои ја добиваат сината боја. Овие антиоксиданси ги подобруваат врски помеѓу невроните, помагаат при ослободувањето на допамин и го штитат мозокот од стареење.

Чаеви: Чаевите содржат антиоксиданси и катехини, кои имаат благотворно влијание на здравјето на луѓето. Тие исто така го забрзуваат метаболизмот, што помага и во заштита на еластичноста на кожата.

Шитаке печурки: Шитаке печурките го зајакнуваат имунолошкиот систем, го забрзуваат метаболизмот и го зајакнуваат црниот дроб.

Авокадо: Здравите масти кои се наоѓаат во ова овошје придонесуваат за подобро расположение и го зајакнуваат либидото. Авокадото е богато со фолна киселина која помага за зголемување на енергијата во телото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi