Како да го стимулираме метаболизмот со помош на храната?

18 јануари, 20120
44

Ајде да се обидеме да го извлечеме максималното од секојдневните навики! Правилниот начин на исхрана може да ни помогне да го подобриме метаболизмот. Еве неколку идеи за тоа како да извлечеме полза од тоа и да слабееме здраво.

Да јадеме често, но по малку. Јадењето на мали оброци на секои три часа го подржува метаболизмот брз и затоа ваквиот режим помага за согорувањето на повеќе калории. Колку по редко јадеме, метаболизмот се успорува и складира маснотии.

Да јадеме пикантна храна. Пикантната храна навистина го стимулира метаболизмот  и ова се препорачува почесто, ако можете и со секој оброк, за подобри резултати.

Да примаме протеини – телото согорува 4 пати повеќе калории кога ги вари протеините, отколку кога вари јаглехидрати. Некои од најздравите извори на протеини се телешкото месо, мисиркино бело месо, рибата, пилешкото, зрнестите култури, јајцата и нискомаслените млечни производи.

Не на строгите диети! Ако примаме помалку од 1000 калории дневно, тоа значи дека диетата ни е премногу строга. Овој тип режим може да ги убие сите надежи да го забрзаме метаболизмот. Вака ќе ослабнете брзо, но обично изгубените килограми се од мускулна маса, а не од маснотии. А коллку повеќе мускулна маса губиме, толку повеќе се забавува метаболизмот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi