Оревите во борбата со слободните радикали

21 јануари, 20120
o

Сакате да си набавите антиоксиданси? Јадете ореви. Тие содржат до два пати повеќе антиоксиданси од останатите популарни јатки. Во споредба со други осум јатки и неколку видови растително масло, оревите содржат највисоко ниво на полифеноли – моќни антиоксиданси. А антиоксидансите се борат со слободните радикали или оксидантите – лоши молекули кои се создаваат од димот на цигарите, загадувањето на животната средина, пржената храна, конзервансите, штетните сончеви зраци и.т.н.  Слободните радикали можат да наштетат на некои од клетките на нашиот организам и затоа се доста опасни. Кога се во крвта можат да предизвикаат срцеви проблеми, кога се во очите можат да доведат до слепило, а во кожата предизвикуваат рак. Освен тоа ги забрзуваат процесите на стареење и појавата на брчки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *