Основни принципи на исхрана за жени меѓу 20 и 40 години

20 јануари, 20120
How to lose weight

Жените од секогаш биле загрижени за својот надворешен изглед. Да, ние секогаш сакаме или да ја намалиме или пак зголемиме својата телесна тежина и правиме се, се подлагаме на ригорозни диети и на крај се разочаруваме.  Денес нема да ве оптеретуваме со броење калории и колку треба да изнесува вашата порција во грамови, туку едноставно ќе ви ги разјасниме основните принципи на исхрана за жените во репродуктивна возраст.

Снабдете го своето тело со оптимална концентрација на железо. Тоа ни дава енергија и помога да се произведува чиста и здрава крв. Калциумот е буквално основата на нашето тело, недостатокот може да доведе до ослабување на коките и забите што од своја страна предизвикува обична физичка актовност да ви изгледа премногу тешка.

Протеините се неопходни за создавање на мускулна маса, но ако се повеќе можат и да ни наштетат. Повеќе протеини во телото  водат до сонливост и замор, затоа тие треба да се консумираат умерено.  Многу од нас стануваат зависни од храна што содржи јаглехидрати под формата на шеќери, па затоa избегнувајте храна која содржи бело брашно, шеќер, слаткарски производи и полуфабрикати. Избегнувајте го алкохолот и ограничете го колку може повеќе, тој не само што е штетен по вашето здравје, но и помага за покачување на телесната тежина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *