Рибата и омега 3 масните киселини – извор на здравје

16 јануари, 20120
Grilled Fish Entree in Barcelona

Омега-3 масните киселини се почесто се во центарот на вниманието во различни публикации на тема здравје. Се зголемуваат доказите дека оваа полезна супстанција треба да биде дел од секоја здрава исхрана која истовремено не заштитува од редица болести.

За да се снабдиме со максимална количина омега-3 се препорачуваат морските риби и морските плодови, а не слатководните видови риба. Статистички возрасен човек треба да консумира по две порции од по 100 грама риба неделно.

Месото на рибата содржи голема концентрација од овие масни киселини – кои не штитат од срцеви болести и го одржуваат крвоносниот систем чист. Го штитат ткивото од воспаленија кои можат да наштетат на срцето и крвните садови. Овие полезни масти ефективно го намалуваат крвниот притисок и ја ограничуваат колагуацијата на крвта, што води до подобра функција на срцето и помал ризик од инфаркт.

Превенција од рак – луѓето кои се снабдуваат со рибините протеини многу поретко боледуваат од рак. Например во Јапонија консумираат големи количини риба и заболувањата од белодробен рак таму е со 2/3 пониска стапка од таа во повеќето западни држави. Мажите во Шведска, држава каде се јаде многу риба, развиваат два пати поретко рак на простата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *