Забрането по време на диета!

19 јануари, 20120
666

Намалувањето на телесната тежина е фикс идеа на многу жени. Во обидите да го постигнат посакуваниот ефект допуштаат грешки кои можат да бидат фатални во однос на здравствената состојба.

Не гладувајте – Задржувањето на постигнатото ниво на тежина ако килограмите се намалени со гладување е невозможно. Кога гладуваме телото е во состојба на шок и веднаш штом започнеме нормално да се храниме, тоа си го враќа изгубеното.

Не одете во крајности – растројствата како булимија и анорексија се крајните и многу опасни форми на ригорозните диети и затоа диетата сватете ја како нешто озбилно и така однесувајте се.

Вечерајте умероно – многу луѓе гладуваат во текот на целиот ден, а после тоа навечер се нафрлаат на храната. Ова е една многу лоша навика, независно дали е по време на диета или во секојдневието.

Цигарите – пушачите се обидуваат да ја „залажат“ гладта со цигари, но единственото што можат да го постигнат по овој начин е да си наштетат на здравјето.

Не користете таблети – Да се доверите на таблетите за слабеење може и да има ефект, но во повеќето случаи тој е нетраен. Нешто повеќе – повеќето вакви препарити имаат неблагопријатен ефект врз здравјето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi