Бесценети лекции од животот за љубовта

30 ноември, 2012
Love-Doesnt-Need-To-Be-Perfect

Некои врски раѓаат вредни спомени, други – бесценети лекции. Љубовта ќе ви донесе романтични моменти и еуфорични емоции, кои ќе сакате да ги помните цел живот, но и грешки, тага, болка, од кои ќе научите многу.

Неверството и лагата не се грешки, туку избор што личноста свесно или несвесно го прави. Ако ја слушнете познатата фраза: „Грешка беше…“, не дозволувајте партнерот да се скрие позади зборот „грешка“. Луѓето сами избираат дали да ја оправдаат или изневерат довербата што некој друг им ја дал.

Понекогаш молчењето е најсилниот плач. Не запоставувај ја тишината полна со тага…

Презирот и омразата кон бившиот се штетни само за вас, не за него. Ослободете се од негативните чувства, закопајте ги веднаш и не дозволувајте да ви го загорчуваат животот. Некои луѓе не заслужуваат таква чест и таков голем дел од вашата енергија, ниту се достојни да предизвикаат било какви емоции.

Секој поранешен дечко бил со одредена причина во вашиот живот. Некој од нив ве научил како да се бакнувате, некој ве повредил, друг ве научил како да љубите страсно, некој ве искористил, некој ви покажал колку гласно можете да се смеете, некој бил повреден од вас…Не заборавајте дека секој еден од нив допринесол за градењето на личноста што сте денес.

Грубите и сурови зборови понекогаш болат повеќе од физичката болка. Зборовите понекогаш предизвикуваат болка што не може да се спореди со физичката. Почувствувајте го вкусот на вашите зборови пред да ги пуштите да излезат надвор од вашата уста и да се насочат кон саканиот човек. Зборовите се како фрлен камен што не се враќа назад.

Кога партнерот се однесува лошо со тебе, речиси секогаш најдоброто решение е да свртите грб и да си заминете.  Помислете дека заслужувате нешто подобро и одете без да се свртите назад.

Никогаш не треба да сте принудени да се борите за да добиете место во животот на партнерот. Ако тој не ја отвара вратата за да влезете во неговиот живот, тогаш можеби е време да се одалечите.

Партнерот ќе се однесува кон вас така како што вие ќе му дозволите. Можеби не успевате да го контролирате него, но во секој случај можете да го контролирате своето однесување и нивото на вашата трпеливост. Ценете се себе си, за да ве ценат и другите.

Еден од најголемите и најтешките предизвици во животот е да избркате некого од срцето. Но, не и невозможно…времето навистина лекува. Ќе знаете кога ќе дојде времето.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi