Како да ја освежите вашата долга врска

1 октомври, 20120
Couple Walking Under Umbrella
Квалитетните односи се ретки, а кога постојат, сфаќаме колку се тие драгоцени и добро се осеќаме со тоа кои сме. Љубовната врска може да биде една од тие односи.
Надобриот начин да имате успешна и квалитетна врска е да се запознаете самите себе, но и партнерот. да ги почтувате своите желби и потреби,а воедно и на партнерот.
Повеќегодишната врска може да бида доста комплицирана, а работите можат лесно да тргнат во правец кој вас нема да ви се допадне. Нормално е во врската да наидете на потешкотии. Бидете свесни дека постојат моменти во кои ќе се сомневате во врската, ќе бидете љубоморни, незадоволни. Затоа направете стратегија како во таквите ситуации да се оснесувате најдобро што можете. Земете ги во предвид овие можности со цел да го продлабочите и разубавите вашиот заеднички однос.
Голема грешка која паровите ја прават е тоа што ја поминуваат секоја секунда заедно. Најдете време да излезете сам/а со своите пријатели/ки. Шетајте во природата. Сетете се на вашето омилено хоби и направите нешто сам. Времето кое ќе го поминете сами со себе е драгоцено за запознавање сам себе. Тоа вас ви дава слобода и можност да ви недостига вашиот партнер/ка. На тој начин воведувате новост во вашата врска.
Добар начин да ја освежите долгогодишната врска е заедно да отидете во друг град. Тоа може да бидат романтични викенди или некој празничен одмор..Правите заедно нешто што обично не го правите. Поминете цел ден во кревет во хотелската соба. Шетајте и играјте во природа, како да сте пак деца. Изненадете ја партнерката со некој поклон, некој цвет, ситница која внимателно сте ја спакувале само за неа.
Излезете на состанок. Тоа што со години сте заедно, не значи дека не можете да се однесувате како да сте на прв состанок. Играјте си игри, повторете го првото сретнување и запознавање. Држете се за рака. Бакнете се на улица. Со овие состаноци може  се изненадувате еден со друг секој месец, ако не и почесто.
Направете заеднички планови за во иднина. Разговарајте кои се вашите поединечни цели поврзани со работа, деца или пак куќа. И како сето тоа може да се постигне. Советувајте се. Бидете креативни заедно. Поставите си цели во врската, среќа, квалитет, здравје. Барајте нсчини како да бидете подобри во врската и поради самите себе.
Пробајте нови секс пози. Кога сте заедно долги години, сексот може да стане рутина. Купите некои секс играчки или атрактивен долен веш. Изненадите ја партнерката со нова поза. Читајте заедно книга за секс, проучувајте нови позиции, зборете си еден со друг за вашите фантазии. Забавувајте се и уживајте
Не заборавајте го чуството на независност. Вие сте заедно, али секако дека секој е особа сам за себе. Дружете се, излегувајте, правите заеднички журки, патувајте заедно или пак одвоено, истражувајте нови работи. Давајте си слобода еден на друг. Учите еден од друг. На тој начин ќе се развивате поединечно, а вашата врска ќе стане поквалитетна. Ќе прерасне во релација во која ќе се осеќате сигурно, а во исто време ќе биде полна со предизвици кои никогаш нема да ви здосадат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi