Колку често треба да имаме секс?

4 октомври, 20120
seks

За да дадеме конкретен и јасен одговор на прашањата како што се: „Колку често е нормално да имаме сексуални контакти во текот на неделата? ’,„Што вели медицината на оваа тема, односно што се подразбира под фразата: здрав сексуален живот?“ и „Дали доволно често имаме сексуален нагон и дали го задоволуваме истиот или не и евентуалните последици од тоа…?“

Еднаш неделно…? Многу малку!

Повеќето парови што се во брак или долгогодишна врска имаат секс во просек по два пати седмично, што драстично се разликува од почетокот на врската каде сексуалните контакти се најмалку 4 пати седмично. Ако воопшто сексот може да се постави во некакви рамки и да се каже што е нормално, а што не, тогаш погледнете какво е мислењето на експеритите за бројот на сексуални контакти – тие тврдат дека 2 пати е во границите на нормалата, но дека тоа е долната граница и не треба да биде помалку од тоа. Бидејќи сексот е начин на канализирање на насобраната негативна енергија, ослободува од стрес и напнатост, а при тоа се лачат некои неопходни хормони одговорни за вашето расположение и добра здравствена состојба одговорот е јасен – Здравиот сексуален живот подразбира сексуални контакти не помалку од 2 пати неделно.

Здравиот секс зависи од повеќе фактори и треба да одговара на потребите на партнерите. Меѓутоа еден од пресудните фактори кои ќе го дефинираат сексот како полезен за вашата здравствена состојба е следново: Сексот треба да биде комбинација помеѓу тело, разум и душа. Кога вие сте емотивно поврзани со партнерот и мотивот за секс е љубов, а не страст, тогаш ползите од сексот се навистина големи. Механичкиот секс(како оној на проститутките или мажите што имаат сексуален контакт со цел да го задоволат нагонот со жена кон која немаат чувства) не носи ползи за психичкото и физичко здравје на човекот.

Освен што сте загрозени од најразлични сексуално преносливи болести, механичкиот секс ќе ви донесе разни фрустрации, намалена самодоверба, лоша представа за самиот себе, уште поголема емотивна празнина и сл. Ваквите луѓе не знаат да уживаат во убавините на сексот и за нив сексот е само рутина.

Ако не сте во врска и немате човек што е способен да ги задоволи вашите физички, но и емотивни и интелектуални потреби, не се задоволувајте само со механички секс. Експертите велат дека  подобро е да се одлучите за апстиненција отколку за секс со човек што не го сакате, односно секс помеѓу двајца каде нема љубов. Наместо тоа можете со помош на маструбирање да ги задоволите сексуалните апетити, барем денес е лесно, имаме огромен избор секс играчки што ќе ви помогнат. Не дозволувајте една таква возвишена емоција, тоа врвно доживување што го носи сексот и оргазмот да го сведете на механика и рутина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *